ЛОГОПЕДСКО СОВЕТУВАЊЕ И КОНСУЛТАЦИИ ПОВРЗАНИ СО СЛУХОТ, ГОВОРОТ И ГЛАСОТ

ДЕЦА

Неправилности во изговор, отстапувања од очекуваниот напредок на говор, пелтечење, дислексија, дисграфија

АДОЛЕСЦЕНТИ

Пелтечење, говорни недостатоци и несовршености, ритам и темпо, усовршување на говорот

ВОЗРАСНИ

Губење или појава на патолошки состојби кај говорот по мозочен удар – афазија / дисфазија, обука за јавно говорење, дисфагија

КОНСУЛТАЦИИТЕ ГИ ВРШИ:

м-р Никола Левенски Миљаниќ

– Специјалист по клиничка логопедија

– Дипломиран на Медицински факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје;

– Дипломиран комуниколог при Универзитет „John Naisbitt“ во Белград;

– Магистер по комуникологија при Универзитет „John Naisbitt“ во Белград.

Повеќе од една деценија активно работи на полето на комуникациите, при што низ соработка на интернационални проекти гради уникатни искуства во доменот на комуникациските вештини. Истражувајќи ги можностите, ги согледува и бариерите, особено во вербалната комуникација, започнувајќи да ја проучува патологијата на комуникациите. По дипломирањето на Логопедија при Медицински факултет се определува за истражување и третман на патолошките состојби во вербалната комуникација. 

Комбинацијата на комуникологија и логопедија дава сеопфатност на неговиот оригинален пристап кон вештините на комуникацијата и нејзината патологија. 

Од 2012 година е Претседател на Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“. Автор е на книги за деца и на повеќе научни трудови за логопедија објавени во академски публикации.

Закажете бесплатна консултација

Пополнете го формуларот и очекувајте одговор за максимум 24 часа или јавете се на телефонскиот број
075 / 304 - 404