
Држете кутија со колачиња, но не отворајте ја додека детето не изговори барање на некој начин. Или реагирајте само кога ќе добиете некоја вокализација од детето. На почетокот не е потребно детето правилно да ги изговара зборовите и речениците, туку само да вокализира (произведува глас) или да каже нешто што наликува на збор. Она што сакаме е детето да научи да го користи својот глас како средство за иницијација и истражување.