Што е логопед?

Логопедите работат со деца и лица од сите возрасти – од доенчиња до постари лица, кои имаат тешкотии со говорот, јазикот, гласот, флуентноста или голтањето.

Тие им помагаат на луѓето со различни видови нарушувања: – нарушувања во говорот: тешкотии при правилно/течно произведување говорни звуци, како што е пелтечењето или проблеми во артикулацијата;

Јазични нарушувања: тешкотии при разбирањето или при изразувањетоа на (мајчиниот) јазик, вклучувајќи го вокабуларот, граматиката и структурата на реченицата;

Нарушувања на гласот: абнормалности во висината, јачината или квалитетот на гласот, како што се засипнатост или гласовни нодули;

Нарушувања на флуентноста на говорот: тешкотии во течноста на говорот, како што е пелтечење;

Нарушувања на голтањето (дисфагија): тешкотии при голтање или при безбедно примање храна и течности.