Читање книги

Логопедија

Читањето книги е од особена важност за менталното здравје. Зголемено ниво на емпатија, ја подобрува комуникацијата помеѓу родителите и децата, ја зголемува самодовербата, ги намалува анксиозноста и стресот, ја зголемува креативноста. Луѓето кои редовно читаат имаат подобар сон, пониско ниво на стрес, поголема самодоверба и пониско ниво на депресија отколку луѓето кои не читаат. Се препорачува да им читаме на нашите деца на глас уште од најрана возраст, со тоа се допринесува за природна – рана стимулација на говорот, се збогатува вокабуларот и се поттикнува фантазијата и креативноста.