Кога да се обратите на логопед?

Секој родител се прашува кога да побара помош од логопед. Побарајте совет и помош од логопед доколку:

– детето не остварува контакт со очите со соговорникот

– детето не разбира едноставни наредби и има повеќе од 18 месеци

– детето не реагира на звуци од околината

– детето не одговара на сопственото име

– не воспоставува комуникација дури и со гест (покажувајќи го прстот кон саканиот предмет)

– ако има пролонгирања, повторувања или паузи во говорот кои траат подолго од 4 месеци

– говорот е аграматичен (речениците не се согласуваат по род, број и падежи) по 4-годишна возраст

– 3-годишно дете има неразбирлив говор за пошироката социјална средина

– детето до својата 5-та година не ги совладало сите гласови од македонскиот јазик

– има тешкотии во совладувањето на читањето и пишувањето како и тешкотии во совладувањето на училишниот материјал