Која е најдобрата возраст за говорна терапија?

Логопедот ја одредува говорната терапија, соодветно на потребите на проблематиката и индивудуалните специфики на тешкотиите кај поединецот. Најдобрата возраст зависи од поединецот и неговите специфични потреби.

Кај доечниња и мали деца, раната интервенција, главно, се смета за најефективниот начин за справување со говорните и со јазичните нарушувања, при што раната возраст се подразбира за најдобра возраст за логопедски третман. За доенчиња и мали деца, говорната терапија може да започне уште на 6-месечна возраст, доколку родителот или давателот на здравствена заштита открие доцнење на говор или нарушување во говорот. Раната интервенција може да помогне да се спречи или намали сериозноста на нарушувањето и може да им помогне на децата да ги развијат вештините што им се потребни за да успеат на училиште и во социјалните интеракции.

Кај деца на училишна возраст, говорната терапија може да започне веднаш штом ќе се открие нарушување во вербалната комуникација, без разлика дали тоа е преку скрининг во училиште или од давател на здравствена заштита. Децата со нарушувања во говорот може да се соочат со лични „битки“ на поле на образованието но и на социјално и на емоционално ниво, а раната интервенција може да им помогне да ги надминат овие тешкотии.

Кај возрасни, логопедијата може да биде корисна на која било возраст, но колку порано, толку подобро. Возрасните кои имале мозочен удар, трауматска повреда на мозокот или други медицински состојби коишто влијаат на говорот и јазикот, може да имаат корист од логопедска терапијата, доколку со истата се започне што е можно поскоро по повредата, односно по поставената дијагноза.