
Вообичаени причини за барање говорна терапија:
Нарушувања на говорот – тешкотии со правилно или течно продукција на говорни звуци, како што се пелтечење или тешкотии во артикулацијата.
Јазични нарушувања – тешкотии во разбирањето или при изразувањето на мајчиниот јазик, вклучувајќи го вокабуларот, граматиката и структурата на реченицата.
Нарушувања на гласот – абнормалности во висината, јачината или квалитетот на гласот, како што се засипнатост или гласовни нодули.
Нарушувања на флуентноста – тешкотии во течноста на говорот, како што е пелтечење.
Нарушувања при голтање (дисфагија) – тешкотии при голтање или прибезбедно примање храна и течности.
Развојни доцнења – децата кои имаат задоцнет развој на нивните говорни и јазични вештини може да имаат корист од терапијата, за да им се помогне да ги достигнат своите врсници.
Траума или повреда – поединци кои имале мозочен удар, трауматска повреда на мозокот или други патолошки здравствени состојби коишто влијаат на говорот и јазикот може да имаат потреба од терапија за да им се помогне да ги вратат своите говорни способности.
Социјални и емоционални потреби – некои поединци може да имаат потреба од говорна терапија за да ги подобрат своите говорни вештини со цел да постигнат повисоки успеси на академски и социјален план, а пред сѐ и на емоционално поле.