Консултациите ги врши м-р Никола Левенски Миљаниќ.
Образование
- Специјалист по клиничка логопедија.
- Дипломиран на Медицински факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
- Дипломиран комуниколог при Универзитетот „John Naisbitt“ во Белград.
- Магистер по комуникологија при Универзитетот „John Naisbitt“ во Белград.
- Сертифициран клинички консултант за АДХД, со посебен акцент на учењето, концентрацијата и меморијата.
Пристап
Повеќе од една деценија активно работи на полето на комуникациите, при што низ соработка на интернационални проекти гради уникатни искуства во доменот на комуникациските вештини. Истражувајќи ги можностите, ги согледува и бариерите, особено во вербалната комуникација, започнувајќи да ја проучува патологијата на комуникациите. По дипломирањето на логопедија при Медицинскиот факултет се определува за истражување и третман на патолошките состојби во вербалната комуникација.
Комбинацијата на комуникологија и логопедија дава сеопфатност на неговиот оригинален пристап кон вештините на комуникацијата и нејзината патологија.
Останато
Од 2012 година е претседател на Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“. Автор е на книги за деца и на повеќе научни трудови за логопедија објавени во академски публикации.